Честитка од министерот Јолевски по повод Св. Климент

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски денеска, по повод празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата на Република Македонија и до граѓаните на Република Македонија.
- Чествувањето на денешниот празник Св. Климент Охридски, значи чествување на нашиот јазик, нашата писменост, нашата култура, како основа за нашето постоење. Делото на Св. Климент Охридски ни овозможи да го достигнеме и зацврстиме нашето место во современата цивилизација, како народ и нација кои го препознаваат суштинското влијание на образованието и писменоста во развојот на секој поединец, стои во честитката.
Министерството за одбрана и АРМ, додава Јолевски, големо внимание посветуваат на личниот развој, континуираната едукација, дообразованието и обуката на своите вработени.
- Наш приоритет е и развојот на Воената академија, која низ годините, успеа да се етаблира како врвен регионален едукативен центар и јас како министер, сум исклучително горд на тоа. Нашата верба во образовните институции, нашиот влог во нив, значат и почитување и продолжување на делото на Св. Климент. Со тоа ние ја продолжуваме и благородната мисија на нашиот патрон кој својот живот го посветил на писменоста, наведува Јолевски.
Ново на Сител
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
