Честитка од рускиот конзул Самсоненко по повод Денот на независноста

По повод одбележувањето на 8 Септември, почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Самсоненко на сите македонски граѓани им го честита Денот на независноста.
- Почитувани граѓани на Република Македонија во мое и во името на руските граѓани, ви го честитам 8-ми септември - Денот на независноста на Македонија. Овој ден е најзначаен датум во македонската историја, симболизирајќи ја одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот, вели во честитката Самсоненко.
Почесниот конзул на Руската Федерација на македонските граѓани им посакува социјален, економски и политички напредок.
Ново на Сител
-

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош
-

НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“
-

Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации
-

Стабилно и посвежо време до сабота, од недела повторно пораст на температурите
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
-

Спотифај воведе нова опција
