-->
-->
Четири дополнителни објекти за мигрантите на Табановце
-->

Активисти од Црвен Крст, деновиве поставија два нови објекти на пунктот за помош на мигрантите во Табановце, а наскоро ќе бидат поставени дополнителни четири објекти.
Како што информираа екипите на терен денеска во сите објекти ќе има греење, со што значително ќе се олесни краткотрајниот престој на мигратите на нивниот пат кон Србија.
Поставувањето на објектите се спроведува со помош на УНХЦР. Целосно е завршено тампонирњето на просторот кој води до границата со Србија, а поставена е и ограда од жици и метални столбови со кои се одвојува од околните куќи на жителите од малаата Сланиште од просторот каде се лоцирани пунктовите за мигрантите
И денеска како и претходните денови,мигрантите не се задржуваат долго на овој простор. Добиваат помош од екипите на Црвениот крст, како и од хуманитарните организации.
- Секој ден сме тука, повеќе организации, но и волонтерите, студенти и средношколци кои им помагаат на бегалците, со храна, облека. Имаме и посебна програма за деца, изјави Сејфула Бектеши од „Еурохуман„, Скопје.
Кристина Петрова од Црвен Крст на Македонија, изјави дека на пунктот за помош на мигрантите на Табановце, дневно пристигаат од 2 до 3.000 бегалци.
- Црвен Крст има за задача да им подели храна, пакети за лична хигиена, посебно за мажи, посебно за жени, памперс, шишенца за бебиња, млеко. Дневно интеревенрираме од 100 до 200 пати, најчесто се жалат на настинки, главоболки, болки во мускулите, со оглед на временските услови има и со температура и со стомачни болки, изјави Петрова.
На пунктот во Табановце се очекува и поставување на контејнер за компјутерска поддршка. Ќе се прошират и објектите за храна, а ќе бидат поставени и дополнителни тоалети со по пет кабини за жени и мажи. Секојдневно, екипите на Центарот за јавно здравје во вечерните часови вршат и дезинфекција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
