Четири лица позитивни на Ковид од гостиварско излегле од изолацијата и отпатувале во странство
Полицијата ќе поднесе соодветни пријави на четири лица од гостиварско кои ја напуштиле државата, а имале решенија за самозилоација заради позитивни резултати на ковид тест.
Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.08.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата.
Во контролите утвдено е дека Х.С (32) од гостиварското село Корито, кој имал позитивен тест на Ковид 19, не бил дома и ја напуштил државата. Полициските служебеници утврдиле уште дека В.Ш.(52) од истото село, позитивна на Ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) позитивен на Ковид 19, ја напуштил државата.
Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот