Четири лица пријавени за исчезнати

Седумнаесетгодишна девојка од гостиварско Србиново, четириесет и четиригодишна жена од кумановско Черкезе, шеесет и три годишен жител на кумановско Младо Нагоричане и педесет и две годишен радовишанец, се пријавени за исчезнати во полицијата во изминатите три дена, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Во Полициската станица Куманово вчера Р.Ц. (1982) од Младо Нагоричане пријавил дека утрото околу 10 часот на 28-ми минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко М.Ц.(1953), а А.З (1949) од Черкези пријавил дека на околу 15 часот попладне на 24-ти минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга Е.Ф.(1972).
Во Полициската станица Гостивар, пак, вчера, С.Б.(1963) од село Србиново пријавил дека околу 14 часот попладне на 26-ти минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка.
На 29 минатиот месец, К.П. (1960) од Радовиш пријавила дека околу шест часот изутрина од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Г. П. (1964).
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се пријавени за исчезнати.
Ново на Сител
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
-

Сенатот усвои Резолуција за ограничување на воените овластувања на претседателот на САД
-

Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-

Променливо облачно време со ветер и услови за дожд
