Четири угостителски објекти во Центар ќе бидат казнети за гласна музика

Во кафе-барот „Чао“, пабот „Комедија“, „Аперитиво бар“ и „Џуси бар“ во општина Центар констатирано е дека бучавата која доаѓа од нив ја надминува максимално дозволената. Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени според позитивните законски прописи.
По налог на општина Центар, овластена фирма извршила мерење на бучавата на 25 и 26 ноември годинава во овие четири угостителски објекти.
Инспекциските служби, како што информира општина Центар, извршија надзор по пријава од граѓани дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот.
Општина Центар најавува дека ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите и ги повикува сите жители да пријават гласна музика за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
