Четириесет и пет учесници на Школата за млади лидери на претседателот Иванов

На седмата по ред Школа за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид, ќе учествуваат вкупно 45 учесници и 21предавач.
Меѓу предавачите на Школата, информираат од претседателскиот кабинет, оваа година се поранешните претседатели на Латвија и на Бугарија, Вајра Вике-Фрајберга и Петар Стојанов, директорот на Александриската библиотека во Египет, Исмаил Серагелдин, како и еминентни професори, бизнисмени, претставници на врвни институции од Република Македонија и од странство.
Учесниците на Школата доаѓаат од различни академски средини. Меѓу нив има успешни поединци кои своите додипломски или постдипломски студии ги завршиле на универзитетите во земјава и на реномирани универзитети од Европа и од САД.
- Очекуваме и годинава да продолжи нагорниот тренд во развојот и функционирањето на Школата за млади лидери, која стана значаен сегмент и платформа во општественото дејствување на успешните млади луѓе во Република Македонија. Годинашните учесници ќе имаат можност да ги споделат своите искуства, да ги прошират своите контакти, а стекнатите знаења и вештини од предавањата да ги применат во нивните професионални средини и ангажмани при идните животни предизвици, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.
Реализацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов е во целост поддржана од приватниот сектор преку донации.
Школата за млади лидери за првпат беше одржана во август 2010 година во Охрид. Во текот на изминатите шест години на неа учествуваа околу 240 млади луѓе од различни академски и професионални области. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде што преку организација на семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на нивните знаења и вештини.
Ново на Сител
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
