Четирикратно зголемен обемот на работа на ЈП „Куманово-Паркинг“

По воведувањето на проектот на општина Куманово „Нулта толеранција за узрупација на јавно прометните површини“ и по набавката на ново пајак возило од град Скопје, четирикратно се зголемил обемот на работа на ЈП „Куманово-Паркинг“, информираа, денеска надлежните од претпријатието.
Според податоците на претпријатието по воведувањето на проектот просечно дневно се креваат 20 возила, а претходно таа бројка изнесувала по пет возила дневно.
Граѓаните забележуваат дека пајак возилото кое е донација од град Скопје постојано е низ улиците во споредба со претходниот период кога непроприсно паркираните возила ги отстранувало амортизираното возило од 1984 година, сопственост на ЈП „Куманово Паркинг“.
- Граѓаните, пред се, имаат бенефит од овој проект, се растеретува сообраќајниот метеж, особено во летниот период кога има зголемена фрекефенција, тука се и сограѓаните кои работат во странство, вели директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани.
Бенефит од воведувањето на проектот има и претпријатието во однос на прибирање на приходите. Средствата кои се прибираат по оваа основа ќе се реинвестираат за проектот изградба на три монтажни катни гаражи во Куманово. Шабани е задоволен и од воведувањето на новиот систем на функционирање на петте подзони за паркирање во централното градско подрачје, кој беше воведен пред неполни три месеци. На ниво на Куманово има 500 паркинг места.
Ново на Сител
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
