Македонија
3. July 2024 - 16:27

Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците

Без согласност од Министерството за финансии и со само еден потпис екс економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им исплатила една ипол плата на 18-те договорци. Новоназначениот директор, професорот Андон Чибишев соопшти дека со ова скромниот буџет на Клиниката е оштетен за 650.000 денари и истакна дека веќе пооднел пријава со целата документација до истражните органи. Наредниот месец во установата ќе влезе и финансова полиција, а ќе побараат контрола и од Државниот завод за ревизија како се менаџирало претходните 7 години.

- За нив, немало согласност од Министерството за финансии туку само документ во кој Министерството се прогласува за ненадлежно, а од Државната комисија за спречување на корупција и ДСЗИ било оспорено вработувањето поради избори и непотпишување од страна на двајцата директори. Чибишев соопшти дека 650 илјади денари била штетата од тоа што работеле без согласност, изјави проф. д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

Тој вчера им соопштил на 18-те догововорци повеќе да не доаѓаат на работа, со исклучок на биологот без кој не може нормално да функционира токсиколошката лабораторија. Чибишев вели дека Клиниката кубури со кадар, но потенцира дека во иднина нема да има како што ги нарече “каубојски” вработувања, туку само на конкурс, ниту ангажирање на кадар кој е подготвен за манипулации како што беше случајот со болничарот кој се интересирал дали може да се замени примерок на урина со наркотици.

- Овие лица беа изманипулирани и практично незаконски престојуваа на Клиниката, рече проф. д-р Чибишев.

Според Чибишев на токсикологија најитно се потребни 15 вработувања од сите профили за што го известил и министерот Таравари. Завршен бил и тендерот за осигурување на Клиниката.

Тој најави подобрување на условите за работа и нови протоколи за лекување зависници и потенцираше дека нема да се занимава со реваншизам.