Loading Video...
Фудбал
25. May 2020 - 19:43

Чии интереси штити претседателот на ФФМ Сејдини?

ФК Силекс денеска испрати соопштение до јавноста во кое го прозва претседателот на ФФМ .  Сејдини наместо да се грижи за здравјето на фудбалерите и фудбалските работници се залага за лични интереси и интересите на еден или два клуба. 
 
Гласно се прашуваме зошто  првиот човек на македонскиот фудбал Муамед Сејдини во услови на силна пандемија која  го загрозува здравјето на граѓаните па и на спортистите заговара продолжување на  фудбалското првенство во Македонија и тоа според систем со измислени плеј-оф натпревари и без испаѓање со што директно ќе биде загрозена регуларноста на првенството. 
Јавноста мора да знае дека Сејдини во само четири дена го смени својот став кој стои во записникот од седницата одржана на 18-ти мај каде се залага за скратен систем но со испаѓање за да се запази регуларноста на првенството. 
Токму затоа ФК Силекс прашува под чие влијание  Сејдини го менува ставот и протежира систем без испаѓање и нерегуларно првенство без да ја согледа реалната слика, условите за тренинг, инфраструктурата на стадионите и нивната состојба и стравот од пандемијата. 
Дали комесарот за натпреварување Игор Франговски предложил скратен систем според Статутот и Правилникот за натпреварување без да објасни  како го определи 14-ти јуни за продолжување на првенството. 
Јавно ги повикуваме, Претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев, 
претседателот на тренерската организација  Ѓоре Јовановски и директорот на едукативниот центар при ФФМ г-дин професор Боби Марковски да излезат со став, дали пред се фудбалерите во време на пандемија ги имаат основните услови за тренинг и натпревари,според мерките и препораките на Министерството за Здравство и протоколот на ФФМ.
Кои предвидуваат да се играат натпревари  на  +40 степени и тоа 
на секои  три дена.
ЗДРАВЈЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ И ФУДБАЛСКИТЕ РАБОТНИЦИ ПРЕД СЕ!
Се вели меѓу другото во соопштението на  ФК Силекс.