Членовите на избирачките одбори во ДКП гласаат во ДИК

Гласањето за предвремените парламентарни избори на членовите на избирачките одбори кои во недела ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија се одвива нормално, информира Државната изборна комисија.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот, а треба да гласаат 325 членови на избирачките одбори во ДКП-та и конзуларните претставништва.
Во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани, на посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.
Своето право на глас во странство државјаните на Република Македонија ќе можат да го остварат во 46 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии.
Најмногу пријавени за гласање има во Берна 4256, во Венеција, 2724, во Детроит 1170, Њујорк 1168, Мелбурн 1112... За овие избори за гласањето во Берн отворени се три дополнителни избирачки места, додека во Венеција две.
Најмалку пријавени има Мадрид - 10, во Пекинг 13 и во Варшава 14 гласачи.
Гласачите во дијаспората гласаат еден пред изборите односно во сабота на 10 декември од 7 до 19 часот по локално време.
Во сабота, исто така, треба да гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2015 лица кои се во притвор или во затвор и болни и немоќни лица што се пријавени за гласање.
Ново на Сител
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
-

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
