Чулев: Фрапантно кршење на законот во АНБ, Агенцијата се уште има можност да прислушкува
Агенцијата за национална безбедност и натаму има пристап до уредите за прислушкување, што е спротивно на Законот и на препораките од Прибе.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција објави дека во поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, а по реформите АНБ, се уште постои техничка можност за следење на електронските комуникации што претставува кршење на Законот.
Чулев не тврди дека во Агенцијата се врши незаконско прислушкување, но ги обвини поранешното раководство на МВР дека не направиле ништо да ги спроведат безбедносните реформи. Го повика Јавното обвинителство по допрен глас да постапува по овој случај и да се утврди дали АНБ и натаму го држи монополот за следење на електронските комуникации.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп