Цистерна со питка вода ќе гравитира низ населбите во централното подрачје на Скопје до санирање на дефектот

Цистерна со питка вода е подготвена и ќе гравитира низ населените места во централното подрачје на Скопје со прекин на водоснабдувањето, врз основа на потребите на граѓаните и нивните барања упатени до Дежурно - информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
За секоја потребна дополнителна информација, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 3073 010, наведуваат од јавното претпријатие.
- Во однос на дефектот на улицата „Кеј Димитар Влахов“ 15 до МКЦ во населба Центар, заради што со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, трговскиот центар „Ист гејт“, булеварот „Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук оил“, Пожарна, а со намален притикок - Маџари и Хиподром, од страна на екипите на претпријатието се преземени сите активности и мерки за отстранување на истиот. Од рано изутрина, екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефектот, се наведува во соопштението.
Засега, се додава, не може да се предвиди точното време на санирање на дефекот.
- Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје се и ќе останат на терен, сѐ до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите делови каде тоа е прекинато, истакнуваат од претпријатието.
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
