ЦО на СДСМ расправа за оставката на Заев и за зголемување на парламентарното мнозинство
Централниот одбор на СДСМ вечерва ја почна седницата на која треба да се разгледува оставката на претседателот на партијата Зоран Заев, а ќе се дискутира и за актуелната политичка состојба и окрупнување на парламентарното мнозинство и владината коалиција.
Членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири, пред седницата изјави дека се очекува Заев да ги информира до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и да се отвори дебата во однос на неговата оставка.
– Што ќе реши мнозинството тоа ќе биде одлуката. Ќе видиме како ќе тера дебатата внатре. Ако се отвори постапката ќе има секој право да се кандидира што ги исполнува условите, рече Зеќири.
Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, пaк, изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.
– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ требаше да се одржи во вторникот, но беше одложена поради тридневната жалост пои автобуската несреќа во Бугарија.
Доколку оставката на Заев биде прифатена на вечерашната седница, почнува постапка за избор на нов претседател на партијата. Според Статутот на партијата, предвиден е рок од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.
Дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места.
Во меѓувреме, се работеше и на зајакнување на парламентарното мнозинство, откако не успеа обидот на опозицијата за изгласување недоверба на Владата на Заев во Собранието.
Вечерва заседава и Централното претседателство на Алтернатива, кое треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев, партијата да биде дел од Владата во наредниот период.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено