Македонија
24. March 2025 - 16:34

Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства

По 150 000 денари како првична финансиска помош ќе бидат префрлени за секое семејство на настраданите во пожарот во Кочани. Овие пари ќе ги уплатат на жиро сметка во следните два дена како најитна помош. Црвениот крст собра 54 милиони денари и ова е прв пресек направен по една недела. Овие пари етапно ќе бидат префрлани на семејствата откако ќе бидат прибрани сите податоци кои ги предвидува законот. 

Црвениот крст е единствениот сигурен начин да се донираат пари и во оваа сума на собрани средства спаѓаат сите телефонски донации на граѓани но и средства кои ги донираат општините, организации и фирми. Освен финансиски, црвениот крст активно е на терен со свои тимови за психолошка поддршка. Донатори понудиле поголема финансиска помош за подготовка на долгорочни програми за работа во погодените места. 

Од првиот ден над 165 волонтери на црвениот крст се вклучиле да помогнат со 25 возила, пунктови со стручни лица за прва помош и логистика.