Loading Video...
Кошарка
7. јуни 2022 - 11:19

Црвена Звезда ја одбрани шампионската титула во АБА лигата

Eкипата на Црвена Зваздаво e старо-нов шампион во регионалната АБА лига, во која селедната сезона ќе настапува и МЗТ Скопје,  
 
Поголема драма за крај на сезоната во АБА лигата и неможевме да замислиме. 
 
Решавачкиот петти натпревар, покрај тоа што донесе неизвесна и израмнета кошарка, беше надополнета и со немили сцени. 
 
Мајсторката на која домаќини беа црвено-белите во повеќе наврати беше прекинувана поради недоличното однесување на популарните „делии“. На почетокот на второто полувреме дури дојде и до подолг прекин од речиси еден час, по што салата беше испразнета, а играта продолжи. 
 
Во такви околности подобро се снајдоа домаќините кои на крајот го добија мечот со 
80-77 и со конечни 3-2 во победи стигнаа до конечен триумф во финалето.
 
Со тоа ЦРвена Звазда ја одбранија титулата во АБА лигата, а воедно се израмни со Партизан, па сега двата тима имаат по шест шампионски трофеи во ова натпреварување.