Loading Video...
Кошарка
29. April 2021 - 15:46

ЦСКА Москва прв патник на „Фајнал-Форот“ во Еворолигата

Екипата на ЦСКА Москва е првиот патник на завршниот „Фајнал-Форот“ турнир во кошаркарската Евролига. 
 
 
Руската екипа ја оствари и третата победа во четвртфиналето против Фенербахче откако во Истанбул славеше со 85-68 по што ЦСКА се пласира во полуфиналето. 
 
Во него ЦСКА за противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Анадолу Ефес и Реал Мадрид во кој турскиот тим има предност од 2:1 во победи, па доколку триумфира и на вечерашниот меч во Мадрид тогаш Анадолу Ефес ќе се пласира во полуфиналето.
 
За утре зачажани се четвртите натпревари меѓу Баерн Минхен и Армани Милано односно Зенит и Барселона, дуели во кој италијанскиот и шпанскиот тим по вчерашните триумфи имаат предност од 2-1 во победи.