ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што запленети се златни монети, лекови, фотоапарати, делови за мобилни телефони, автоделови, како и опрема за боречки вештини. Од Царината ги објавија деталите за случаите.
Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато преку граничен премин Табановце. Во нивната намера се спречени од царинските службеници коишто извршија контрола на автомобилот при што во чантата на сопатничката, државјанин на Украина, открија 5 златни монети со проценета вредност од половина милион денари. По откривањето на монетите за нивен сопственик се пријавил трет патник инаку германски државјанин кој исто така патувал со истиот автомобил.
- На Меѓународен аеродром Скопје е спречен шверц на 1.200 таблети Plaquenil што се употребуваат за третман на лица со автоимуни болести. Таблетите се пронајдени во куфер на државјанка на Босна и Херцеговина, која патувала со лет од Истанбул.
- Професионални фотоапарати и опрема за фотографирање е пронајдена при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Табановце.
- Мобилни телефони и 74 делови за мобилни телефони со вкупна вредност од 204 илјади денари се пронајдени во просторот за резервна гума на автомобил со косовски регистарски таблички управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.
- Службата за мобилен скенер, во надворешна преграда на влекач на товарно возило пронајде четири турбо компресори за патнички и товарни возила. Непријавените производи се откриени во возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце.
- Во друг случај Службата за мобилен скенер при контрола на камион, во просторот за палети, откри 13 кимона за карате и 47 пара боксерски ракавици коишто не биле пријавени. Делото е откриено на царински терминал на граничен премин Табановце, каде при скенирање на камионот со македонски регистарски таблички се утврдени неправилности по што е извршена контрола на возилото.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот