Цветков: Нови технологии за конкурентно земјоделство

Производство на здравствено-исправен посадочен материјал за градинарството, отворање што повеќе откупни центри, изградба на нови и обнова на постојните системи за наводнување, се само дел од приоритетните активности во земјоделството на кои континуирано и посветено се работи, рече денеска ресорниот министер Михаил Цветков во Кратово, отворајќи ја манифестацијата „Компиријада 2015“.
Осврнувајќи се на владината определба за квалитетно и конкурентно земјоделско производство, Цветков укажа на потребата од воведување нови технологии и повисоки стандарди.
- Во нашата Национална стратегија за земјоделство и рурален развој, зацртавме неколку клучни приоритети со цел квалитетно и конкурентно земјоделско производство за кое Македонија несомено има природен потенцијал, но станува неопходна и примената на напредни технологии, воведување повисоки стандарди за квалитет и безбедност на храна, значително зголемување на финансиската поддршка и инвестиции кои ќе овозможат интензивен развој, истакна Цветков според кој, многу значаен сегмент е и прилагодувањето кон барањата и преференците на потрошувачите.
Покрај обезбедувањето финансиска поддршка, пак, која годинава изнесува 150 милиони евра, Министерството, напомена Цветков, постојано е во контакт со земјоделците и има слух за нивните проблеми.
- Наша недвосмислена цел е да обезбедиме благосостојба на секој земјоделски производител, а секоја земјоделска култура која се одгледува на нашиот македонски простор е приоритет, потенцира министерот и посочи дека токму кратовскиот компир чија традиција се одбележуваме денеска, е производ препознатлив по својот квалитет и вкус, не само на домашниот пазар туку и пошироко во регионот.
Цветков потсети дека државата директно им помага на производителите со 25.000 денари по хектар и 1,5 денар за килограм предаден компир во преработувачки капацитети.
Во обраќањето, министерот информира и дека преку Програмата за рурален развој на подрачјето на општина Кратово во тесна соработка со локалната самоупрва, изградени се локален пат меѓу селото и регионалниот пат - село Трноец, локален пат за манастир Св. Илија - село Сакулица, селска улица во село Туралево, велосипедска патека од село Шлегово до спортските терени во место Сланушка. За овие проекти се издвоени 24 милиони денари, а во фаза на тендерска постапка е изградба на уште неколку локални патишта и селски улици, во селата Каврак, Страцин, Шопско рударе, за кои е утврден износ од 36 милиони денари.
Со повеќенаменскиот проект ХС „Злетовица”, додаде, долгорочно ќе се реши проблемот со водоснабдување на преку 100.000 жители кои живеат во општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Кратово, Карбинци и Лозово, како и на индустријата во тие општини. Со втората фаза на овој проект е предвидено наводнување на 4.500 хектари обработлива земјоделска површина во општините Пробиштип и Кратово.
„Компиријада 2015“ се организира втора година по ред и е под покровтелство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Учествуваат земјоделци, жители на Кратовско, стопанственици,... Присутните имаат можност да дегустираат македонски специјалитети од компир, како и да го купат овој градинарски производ.
На „Компиријада 2015“ присустваа амбасадорите на СР Германија и Кралството Холандија, Кристине Алтхаузер и Ваутер Пломп.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
