Д-р Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ
На последната седница на Централниот одбор за член на Извршниот одбор беше избран Д-р. Инж. Игор Бимбилоски од Охрид.
Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.
Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.
Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на настан по повод Денот на Европа: Мора да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме
-
Адеми: Најважна е поддршката од граѓаните, а не како губитник да плачете да бидете дел од власта
-
Заменик-грчката амбасадорка повика на почитување на договорот од Преспа, Муцунски и одговори треба да се надминат различните толкувања
-
51-годишен тетовец извршил убиство со автоматска пушка, 73-годишник му помагал
-
Гостиварец ја претепал поранешната сопруга
-
Скопјанец се карал со поранешната девојка па пукал
-
Прилепчанец демнел и се заканувал на жена и нејзините родители
-
Со закана со пиштол одзел пари, детали за грабежот на банка во Аеродром