Д-р Лазаров: Следнава недела не очекува уште полоша и потешка епидемиолошка состојба
Д-р. Лазаров во објава на својот фејсбук профил посочува дека епидемијата е далеку од природен замор, напротив, како што појаснува, според науката, во текот на следнава недела ќе имаме уште полоша и потешка епидемиолошка состојба.
„Минатата недела за Фокус имав изјава дека за оваа недела очекуваме 1200 на ден.
Јас не сум видовит ниту измислив топла вода, епидемиологијата научно објаснува а јас во тоа верувам и почитувам. Наредната ќе биде уште полоша бидејќи ништо сериозно и драстично не превземаме, убеден сум дека епидемијата е далеку од природен "замор" по она што го гледам кај моите пациенти, кои се одличен статистички примерок од повеќе аспекти. И минатата недела, еве и сега, пцујте и вреѓајте, мислете поинаку, тоа никако не ја менува ситуацијата. Јас имам обврска да зборувам вистина, простете, на кој не му одговара, нека не ме чита.“ стои во постот на Фејсбук, д-р. Лазаров.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
