Македонија
5. March 2021 - 21:54

Д-р Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од коронавирус од просекот во светот

Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот, рече микробиологот Никола Пановски на гостувањето на Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Според некое секое патување е опасно и непотребно.

-Овие што се вратија од Занзибар се заразиле по пат. Занзибар нема случаи, и има 509 лучаи од почеток на пандемија и 20 смртни случаи, рече Пановски.

Говорејќи за пописот Пановски посочи дека истиот требаше да се одложи за мај.

-Зошто затоа што е потопло, може да се седи во двор на тераса и сите попишувачи да бидат вакцинирани, вели Пановски.