Да го знаев ова мојот син денеска ќе беше жив: Во еден момент јадеше грозје, во другиот се случи трагедија
Несреќната мајка Ема Карвер го изгубила синот, зошто не знаела како да му помогне додека се давел од грозје во супермркетот.
Имено, додека купувала продукти во супермаркетот, детето се врткало се додека во еден момент не го слушнала дека се дави.
Видела дека малечкиот Ајан нашол зрно грозје на една полица и го ставил во уста додека таа не гледала.
-Фрлив се од раце и почнав да го удирам во градите, но зрното грозје му се заглави во носот, рече таа.
На итната помош и требале само 6 минути да дојдат, но било доцна.
-Се изгледаше како грозен сон, вели Мухамед, таткото на детето.
Несреќните родители поради настанот сакаат да помногнат и да ја подигнат свестноста на другите родители. Тие веднаш по настанот се упатиле на часови по прва помош и тоа им го советуваат на другите родители.
Малите деца од се можат да се задушат - монети, копчиња, балони, ореви, месо, сирење па и грозје.
За жал сите родителите знаат колку е тешко да се држи под око детето во секој момент, а кога бебињата се во прашање - секоја секунда може да ги дели од смрт.
Затоа потребно е секој да знае вештачко дишење и прва помош.
Тоа може да направи битна разлика во нивните животи. Може да го спасите животот на своето дете или пак на некое друго.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка