Дачиќ: На Македонија и пречат српските, но не и американските и германските разузнавачи
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека на Македонија и пречат српските разузнавачи, но не и американските, германските и француските, пренесува БТА.

Оваа изјава Дачиќ ја даде откако македонското Министерство за надворешни работи ја повика на разговор српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ, со цел да го објасни присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Абасада во Скопје и вработен во Безбедносно-информативната агенција (БИА), во Парламентот на Македонија на 27 април, кога во зградата упаднаа демонстранти.
Дачиќ наведе дека разговорот бил коректен и дека не станало збор за преземање мерки против Живаљевиќ.
Тој исто така го наведе и како „премногу интересно“ тоа што во македонскиот Парламент на 27 април се наоѓале и претставници на странски служби, но властите во Скопје не ги повикале нивните амбасадори.
- Ние ќе се обидуваме да имаме најдобри односи со соседите. Но, како што тие се однесуваат со нас, така ние ќе се однесуваме со нив, нагласи Дачиќ.
Тој исто така забележа дека Живаљевиќ ги изнестувал македонските власти за своето движење и активности.
Ново на Сител
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
