Дачиќ: Не се знае кој кому повеќе да му се извини

Српскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, за време на вчерашната посета на Косово изјави дека не се знае кој кому повеќе да му се извини за злосторствата извршени за време на последните војни.
Тој додал дека овие теми треба да се остават во историјата, зашто доколку се отворат овие теми ќе продолжат недоразбирањата.
- Доколку почнеме да дискутираме кој кому треба да му бара прошка ќе стигнеме кој знае каде во историјата и ќе почнат недоразбирањата кој кому треба да му бара прошка повеќе. И дваесет години по настаните во поранешна Југославија ние се уште дискутираме за ова, а европските земји најдоа сила да иницираат заеднички организации, изјавил Дачиќ.
За време на посетата во Косово, Дачиќ ја посети Пеќката партријашија, кусо се задржа во црквата „Света Петка“ во Призрен, како и во манастирот во Грачаница, објекти под заштита на УНЕСКО.
Според Дачиќ, Косово не може да стане членка на УНЕСКО без претходен договор со Србија и оти прашањето за зачленувањето на Косово во УНЕСКО треба да биде дел од дијалогот во Брисел.
Тој се задржал и на изборот на Хашим Тачи за претседател. Дачиќ изјавил дека нема за што да му честита на Тачи бидејќи Србија не го признава Косово и паралелно на тоа и неговиот претседател.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
