Македонија
7. February 2023 - 21:15

Дали бугарските здруженија ќе ги променат имињата? Законскиот рок истекува следната недела

Уште 8 дена рок имаат двете бугарски здруженијата Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети да ги сменат имињата во спротивно ќе бидат затворени . До денеска овие две здруженија немаат поднесено барање за преименување на клубовите со седишта во Охрид и Битола. Побаравме  став и од двајцата претседатели но тие не дадоа никаков коментар. Од Министерство за правда за Сител велат до сега не е поднесено барање а рокот истекува на 16 февруари. По ова, АД ХОК владиното тело ќе заседава за нивно укинување.

Откако ќе се состане владиното тело, препораката ја испраќаат до министерот за правда кој има рок од 30 дена да ја потврди одлуката. Доколку не ги преименуваат сами имињата на здруженијата и клубовите, согласно законот тие ќе бидат избришани од Централен регистар.велат од правда за Сител.

Инаку за овие контроверзни  бугарски клубови Комисијата за заштита од дискриминација поднесе  прекршочни пријави, откако истече рокот од 45 дена да ги променат имињата. Комисијата утврди  потешка форма на продолжено и повеќекратно вознемирување на  македонскиот народ и сите етнички заедници во македонското општество. Комисијата поднесе прекршочна и кон Министерството за правда бидејќи не направиле надзор над клубот Ванчо Михајлов во Битола и не го  избришале од регистрирани здруженија.

Инаку со измените на  законот за здруженија во иднина не може да се регистрираат организации и културни клубови со контроверзни имиња.