Живот
17. May 2016 - 13:44

Дали е ова најмалерозната девојка во историјата?


По бизарниот предизвик кој стана хит на интернет, млада Кинескиња остана без добар прамен од својата коса.

Предизвикот подразбираше бестрашната девојка да изеде пченка која е фиксирана на бурмашина. Кога моќниот алат почна да се врти, таа почна да ја глода пченката. По игра на случајот, бурмашината зафати прамен од косата на девојката и и го откорна од темето. Малку е да се каже дека настана молк и неверување.

По непријатното искуство Кинескињата објави видео на кое прикажа дека косата и е откорната и уште еден како јаде нудли.

Изгледа пченка нема да јаде повеќе барем некое време.