Бизнис
13. January 2021 - 17:12

Дали парите за помошта ќе одат директно на сметка на работниците

Ликвидноста на компаниите да биде во фокусот на петтиот пакет антикризни мерки бараат од Стопанската комора на Северозападна Македонија. На тој начин државата ќе помогне на микро и малите фирми кои се најпогодени од корона пандемијата. 4 000 од нив згаснаа со  почеток на пандемијата,а без работа останаа околу 40 000 лица. Од друга страна бизнисмените бараат субвенциите за плати да продолжат најмалку до март а данокот на добивка за најпогодените фирми да се укине до 2022.

Неби Хоџа Претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија

-За да се врати економијата на нормална траекторијата Владата треба да се фоскуира на вакцинацијата против КОВИД-19 со цел отворање на економијата што е  можно поскоро и да бидеме во чекор со земјите од рагионот и во светски рамки, реализирање на капитланите капитални расходи од минимум 85 отсто , основање посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори – производство, градежништво, трговија на големо, намалување на царинските стапки, отстранување на нетарифините бариери кои ја попречуваат трговската размена со соседните земји, потикнување на извозот преку поддршка производителите и нивна промоција преку дипломатските мисии, транспарентност на расходот на буџетските средства за борбата провид корона пандемијата, рече претседателот на СКСЗМ.

Ставот на комората е дека помошта од државата за исплата на плати треба да им се дава директно на сметките на вработените за да нема злоупотреби, а Владата треба да најде начин да обезбеди пари за мерката и за овој месец. Од комората апелираат што е можно поскоро да се донесат  протоколи за работа во туризмот како еден од најпогодените сектори.

Барањата за економско заздравување од комората денеска ќе ги достават до Владата. Очекуваат дека нивните предлози заедно со барањата на останатите комори ќе се преточат во квалитетни мерки. Петтиот пакет мерки ќе се реализира  следниот месец.