Македонија
26. December 2024 - 16:36

Дали после празниците не очекува пикот на грипот?

Колку ниската сезонска активност на грипот ќе прерасне во висока по новогодишните прослави и забави? Кафеаните се полни, журки во полн ек а во ординациите на матичните гужви. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува зголемување на бројот на заболени со грип во споредба со претходната недела. Третина од заболените се во Дебар а 15 градови не пријавиле ниту еден случај. Има потврда за А Х1, но во лабораторијата на ИЈЗ од пристигнатите материјали за испитувања најмногу детектирале респираторен синцицијален вирус. 

- Во текот на 51-вата едела има 139 пријави зџа грип што е за 17,8 проценти повеќе од минатата недела, но помалку од истата недела минатата сезона. Оваа 2024-2025 досега има 799 случаи и епидемиолошкиот коментар е дека има зголемување на бројот но се уште сме под неделната граница за сезонска активност. Нема простор за паника. Прославите не може да ги забраниме, но апелираме до граѓаните да внимаваат овој период, вели д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.  

Од последние 139 регистрирани, 36 се деца до 14 годишна возраст, а постари од 65 има само 8. 

Годинава има најмногу вакцинирани против грип и  повеќе од 72 000 граѓани добиле заштита од вирусот. Околу 70 000 од нив се во ризичните групи со бесплатни вакцини.