Loading Video...
Свет
16. January 2021 - 21:16

Дали постои опасност од ширење на корона вирусот од домашни животни и миленици на луѓе?

Над 1400 мутации на ковид се регистирани во Русија. Мутација која е за 70 проценти позаразна од веќе постоечкиот вирус се шири и во Англија, а во опасност се и други земји. Загрижувачки е што инфекцијата не ги одмина ниту животните. Мутации и пренос од животни на луѓе засега се регистирани кај крзнарките. Експертите кои ги контактиравме велат дека сопствениците на домашни миленици засега се безбедни, иако не ја исклучуваат можноста за појава на мутации кај инфицирани миленици кои вирусот би го пренеле и на луѓе.

Микробилогот Никола Пановски вели дека поголем е ризикот сопствениците да си ги заразат своите миленици, отколку обратно. Иако и Пановски тврди дека постои ризик вирусот да мутира кај овие животни во наредните 10 години, сепак не се сомнева во ефикасноста на вакцината.

Освен кај крзнарки, ковид е регистиран и кај зајаци, хрчаци, мајмуни, лавови, тигри... Поради новата мутација која се појави кај куните Данска најави дека ќе усмрти 17 милиони единки. Од друга страна пак Русија развива вакцина против ковид за мачки и ласици. А некои научни студии покажуваат дека антитела од лама можат да помогнат во борба против вирусот. Во меѓувреме тим на експерти од СЗО заминаа за Вухан за да го испитаат потеклото на вирусот и да утрди дали лилајакот е изворот на оваа инфекција.