Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева бара да се утврди одговорност кај судијата Лазар Нанев, бидејќи се обидел да ја дискредитира нејзината работа, да го наруши угледот на Судскиот совет, се обидел да цензурира односно да влијае врз членови на советот да се возджуваат од гласање во иднина кога се носи некоја одлука за него. Испраќал дописи до сите членови на Судскиот совет, освен до неа.
Судијата Нанев, кој за прв пат денеска јавно се соочи со Дамева за одговорноста која се бара од него, вели дека Дамева се обидува да манипулира со јавноста и дека има омраза спрема него и постојано се обидува да ја дискредитира неговата работа бидејќи не трпела успешни судии.
Вели прв братучед на Дамева четири години му се заканувал по животот на него и неговото семејство и затоа испраќал дописи до Судскиот совет за да добие заштита. Дамева го заштитувала нејзиниот братучед кој сега е во странство да не биде екстрадиран, а притоа обвини дека од Судскиот совет биле давани лични информации за него.
Дамева смета дека ако некој споделувал информации од Советот судијата Нанев изминативе четири години требало да пријави. Со нејзиниот братучед не е во комуникација веќе седум години и фактот дека му се заканувал по живот на судијата е неспорен и сочувствува со него. Но Нанев не приложил никакви докази во негова одбрана за обвинувањата кои му се ставаат на товар.
Според Нанев, Дамева ја искривува вистината и се што изнела на денешната седница се лаги и невистини, со цел негово омаловажување.
Комисијата на Судскиот совет треба да ги разгледа доказите доставени од двете страни и да одлучи дали ќе утврди одговорност кај судијата Лазар Нанев.
Претходно и членот на Судски, Антоанета Димова бараше да се утврди одговорност кај судијата Нанев за несовесно и нестручно вршење на функцијата, бидејќи остварил 95 телефонски повици со обвинет во случај кој го водел.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар