Дамовски: Бараме заедништво за една единствена, суверена и унитарна Македонија
Браќа и сестри, 11 години преку хумор и сатира во „Еднооки“ ви ги кажуваме она што нашите политичари и експерти не сакаат да ви го кажат, се плашат да ви го кажат, ви го кажуваат завиено за да ја разубават лицемерноста на меѓународно политички мешетари, истакна Борис Дамовски дел од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Од мигот кога Македонија прогласи независност, во погон беше ставена моќна машинерија, центрите на моќ го прогласија нашето име и идентитет за безбедносен проблем. Соседите се испотепаа кон од нив ќе биде поупорен во непризнавањето на македонскиот народ, јазик и црква. Удбашките структури на црвената буржоазија почнаа да роварат одвнатре, 25 години го гледаме ова сценарио. Прифаќањето на ФИРОМ, промена на знаме, откажување од македонската црква, фингирана војна, рамковен договор, лажиран попис, територијална поделба, Пржински договор, платформа генерирана со помош на разузнавачки агенции и сето ова прифатени под закани, уцени и терор, цели Дамовски.
-Бараме прекин на преговорите за името, бараме исправен ’рбет. Бараме политичка и економска лустрација, бараме јавно осудување на двојните аршини, бараме национални црвени линии, заедништво за една единствена, суверена и унитарна Македонија без разлика на пол, вера, етничка или политичка припадност, додава Дамовски.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
