-->
-->
Данецот Кјаер сака да остане во Милан
-->
– Капитенот на данската фудбалска репрезентација Симон Кјаер изјави денеска дека сака да го продолжи договорот со калчолигашот Милан.
Кјаер, кој дојде во редовите на Милан минатиот јануари, има договор до јуни 2022 година, но засега нема најави дека соработката ќе биде продолжена.
– Не сум блиску до обновување на договорот, но секако сум среќен поради тоа што играм за „росонерите“. Добро се чувствувам тука и уживам да играм и живеам во Милано. Клубот го знае мојот став во врска со договорот. Кога ќе сакаат да го решат тоа прашање, знаат дека можат да ме побараат, изјави Кјаер.
Данскиот репрезентативец во Милан заработува 1.2 милиони евра по сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
