Македонија
18. October 2021 - 10:49

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Бутел

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ води во првиот круг на локалните избори.

Тој вчера, во првиот круг на локалните избори, убедливо го победи Велимир Смилевски од СДСМ и го симна од градоначалничкото место.

Костовски, според официјалните податоци од ДИК освоил 52,79% од гласовите на своите сограѓани. Во бројки, тоа се 9.012 гласа.

Смилевски од СДСМ освоил 6.831 глас што во проценти изнесува 40,01%.