Даштевски: Сите кои ќе се затекнат на избирачкото место, но и во дворот по 19 часот ќе можат да гласаат
Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот и тие ќе можат да го остварат своето право на глас, истакна денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори.
ДИК испратил меил до општинските изборни комисии со известување да ги информираат избирачките одбори да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, ако е потребно.
- Бидејќи избирачкиот список има многу повеќе страни од што имал претходно, затоа што имаме рекорден број на листи и поради тоа проверката трае подолго време. Од друга страна преку една четвртина од отпечатоците на прсти кои ги добивме од МВР се со лош квалитет и утврдувањето иде поспоро или не може да се утврди па се оставаат на страна. Исто така имаме ковид-мерки и несе пуштаат многу луѓе во просториите, бидејќи имаат насока да пуштаат толку луѓе колку што има паравани и ги предупредивме да пуштаат толку луѓе а не помалку и затоа сакам да кажам дека ДИК е едногласна во тоа дека ќе се продолжи гласањето и сите луѓе кои ќе се затекнат на тоа место. Не само во просторијата туку и надвор од просторијат, во дворот бидејќи тие луѓе за тоа дошле не дошле да се шетаат, рече Даштевски.
Гужвите или како што кажа успорувањето на гласањето на овие избори е поради многуте страници на Избирачкиот список и многуте листови за гласање, една четвртина од отпечатоците од прсти кои ги добиле не биле со добар квалитет, како и поради мерките за заштита од Ковид-19.
- За Град Скопје има четири ливчиња, има огромни избирачки списоци, проверката трае двојно. И таму ќе биде дозволено да се гласа се додека не гласа и последниот гласач, рече Даштевски.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
