Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2022 - 11:12

Дебакл на Италија на гости кај Германија (2-5)

Од последната етапа во јунското издание на УЕФА Лигата на Нациите, издвојуваме два натпревари.  Дебаклот на Италија на гостувањето кај Гермамија и големото изненадување победата на Унгарија против Англија
 
 Актуелниот европски шампион Италија, никако да се соземе од нокаутот што го претрпе од Македонија во баражот за Мундијалот. Аѕурите играат очајно и во Лигата на нациите, а потврда за тоа е и синоќешниот дебакл на гостувањето кај Германија меч во кој „панцирните“ славеа со убедливи 5-2, притоа забележувајќи го првиот триумф во својата група. 
 
Инаку во неа, најпријатно изненадување се Унгарците кои се лидери на табелата. Тие по втор пат ја победија Англија. Откако пред своите симпатизери славеа со 1-0, синоќа на гости во Вулверхемптон, Унгарија ја победи Англија со убедливи 4-0, па така по четири одиграни кола Унгарија е прва во 7, Германија втора со 6, Италија има бод помалку, а Англија е последна со само 2 осевоени бодови. 
 
Потсетување дека македонската селекција во четирите одиграни натпревари забележа две победи над Грибралтар, одигра нерешено со Бугарија, а загуби од Грузија. 
 
Така Македонија е второ рангирана во Ц4 конкуренцијата со вкупно 7 освоени бодови, три помалку од лидерот Грузија, па септемвриските натпревари против Гузијците на гости на 23 и против Бугарија на 26 септември во Скопје треба да го дадат одговорот на прашањето, дали црвено-жолтите како и пред две години ќе имаат шанса преку финалните дуели во ова натпреварување да обезбедат настап на завршницатата на Европското првенство