Македонија
11. March 2019 - 8:40

Дебата „Развој и поддршка на талентирани деца“

„Развој и поддршка на таленирани деца“ е насловена дебатата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со интернет порталот факултети.мк.

Целта на дискусијата е да се иницира процес преку кој ќе се идентификува постоечката состојба во државата за обезбедување соодветна поддршка за развој на талентираните деца.

На настанот ќе се обратат Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Рејчел Галовеј, амбасадор на Велика Британија и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.