Македонија
19. February 2020 - 17:10

Дебата во францускиот Сенат, Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ

Старт на преговорите со Македонија ќе биде добра порака за целиот регион, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на дискусијата во францускиот Сенат посветена на перспективите на ЕУ. 

Според него тоа ке биде охрабрување за Албанија да продолжи со реформите во владеење на правото, а Србија и Косово да постигнат компромис. 

Ципрас позитивно гледа на новата методологија како инструмент кој би требало да го зајакне процесот на интеграција.

Советникот во кабинетот на францускиот премиер посочи дека Париз е задоволен со предложената методологија, но инсистира земјите кандидатки да се фокусираат врз основните принципи.

Македонскиот преставник на дебатата, Никола Поповски предупреди дека регионот мигрира додека Унијата губи време  и тактизира со земјите од Западен Балкан.

Говорниците на дебатат  во Сенатот се согласија дека процесот на проширување треба да продолжи за да се зајакне капацитетот и моќта на Унијата.