Свет
27. September 2022 - 16:33

Дефект или саботажа – што се случува со гасоводот Северен тек

Мегусебни обвинувања на релација Берлин-Москва за најновите пукнатини на гасоводот Северен тек 2. Германија се сомнева дека трите истекувања кај Данска и Шведска кои се појавија речиси симултано се резултат на диверзија, но и Москва обвинува за можна саботажа и бара итна истрага за ситуацијата која, како што потенцира, ја загрозува безбедноста на целиот континент.  ЕК пак не сака да шпекулира за причините на најновите дефекти се додека не се истражи случајот.

Русија од септември не доставува гас за Германија поради дефект на Северен тек 1, но сега откако протече и Северен тек два, доставувањето стана сосем невозможно. Инаку Северен тек 2 никогаш не беше пуштен во функција, поради санкциите на Германија, но е под притисок во случај да биде искористен за снабдување. Со појава на пукнатините притисокот драстично падна, а еден дена потоа речиси на нула падна и во гасоводот Сееверен тек 1. Данска го забрани морскиот сообракај во точките кои се опасни.