-->
-->
Дефинитивно прекината Евролигата
-->
Клубовите кои имаат А-лиценца за настап во Евролигата го подрржале предлогот на првиот човек на ова натпреварување Џорди Бартомеу да биде ставен крај на сезоната.
Клубовите се согласиле со Бартомеу дека поради долгата пауза ќе биде зголеме ризикот од честите повреди кај кошаркарите и дека доколку продолжи лигата натпреварите нема да можат да се играат според предвидениот распоред.
А-лиценца за настап во Евролигата имаат: Реал, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Армани Милано, ЦСКА Москва, Макаби Тел Авив, Фенербахче и Анадолу Ефес.
Покрај одлуката за крај на сезоната, на состанокот е донесена уште една важна одлука. Наредната сезона во Евролигата ќе учествуваат истите екипи кои ја започнаа прекината сезона.
Покрај 11 клубови со А-лиценца во Евролигата ќе играат и Зенит, Црвена звезда, Алба Берлин, Баерн Минхен, Химки, Валенсија и Асвел.
Во Еврокупот наредната сезона сигурно ќе играат тимовите кои сезонава обезбедија пласман во четврт-финалето: Партизан, УНИКС Казањ, Уникаха, Венеција, Монако, Промитеас, Виртус Болоња и Тофаш. Преостанатите 16 тимови ќе „дојдат“ од националните првенства.
Наредната сезона во Евролигата ќе започне на 1 октомври, а ден претходно ќе стартува Еврокупот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници