„Дејли Телеграф“: Изборни измами во гласањето кај муслиманската заедница во Британија
При гласањето меѓу муслимнската заедница во Велика Британија се откриени изборни измами, а изборните комисии на локално ниво знаеле за ваквите состојби, но „ги затворале очите“ и дозволувале да се прават злоупотреби при гласањето, пишува „Дејли Телеграф“.
Весникот се повикува на извештајот изработен од антикорупциската комисија, предводена од поранешниот министер за локална самоуправа Ерик Пиклс, во кој се вели дека ваквите состојби биле толерирани од страв дека ќе се наруши „политичката коректност“ кон припадниците на муслиманската заедница.
Пиклс им сугерира на премиерот Тереза Меј и на Владата итно преземање мерки за целосно блокирање на сите вакви појави, предлагајќи решенија кои би биле без преседан во британската пракса.
Најважната сугестија е задолжителното идентификување на гласачите.
Побарано е исто така и полициско присуство на избирачките места, за да се спречи заплашувањето, забрана на гласачкото место да се зборува на било кој друг јазик освен англискиот и определување кривично дело за секој случај на вршење притисок и влијаење при определувањето за кого да се гласа.
Комисијата и сугерира на Владата за идентификација да се користат возачка дозвола, пасош или последната сметка од платена комунална услуга, затоа што Британците немаат лични карти.
Во британската изборна пракса, досега не е барано гласачот да се идентификува кога ќе се појави на гласачкото место, туку само треба да биде регистриран во избирачкиот список.
Подолго време се сомневаше дека има случаи на „некоректност“ при гласањето на припадниците од муслиманската заедница.
Не беше тајна дека во оваа заедница се практикува да се гласа заеднички и во договор, а не секој гласач за себе дека има примери на вршење притисок , па и на застрашување, доколку не се гласа за определен кандидат, но во јавноста нема сознанија дека нешто било преземено.
Единствено беа откриени случаи на измами при гласањето на локални избори и сите вакви случаи беа решевани со ново гласање.
Објавувањето на извшетајот и барањето брзи решенија против сите вакви случаи доаѓа во време кога во британската политичка јавност се почесто се зборува за одржување предвремени избори, можеби и до крајот на оваа година.
Комисијата смета дека сите промени што се сугерираат треба да се направат пред да се излезе на ново гласање.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%