-->
-->
Дејвис куп: Србљак и Грабул на мегдан со тенисерите на Исланд
-->
Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија денеска против Исланд го игра првиот меч од Третата Европска зона на ова натпреварување. Селекторот Чедомир Јовановски се реши за Македонија да настапат Горазд Србљак и Димитар Грабул во сингл мечевите и во двојки.
Прв на теренот ќе се појави Србљак, кој ќе игра против Егил Сигурдсон, додека потоа Грабул ќе игра против играчот и селектор на Исланд Биркир Гунарсон.
Во игра на двојки Србљак и Грабул ќе треба да играат истите ривали од сингл мечевите.
Ова ќе биде меч број 4 меѓу Македонија и Исланд, а Македонија води со 2-1 во добиени мечеви.
2017 година во Созопол (Бугарија) Македонија победи со 3:0, а со истиот резултат 2004 година го победивме Исланд во Каунас (Литванија), додека поразот ни е во 2000 година во Мадагаскар со 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа