Македонија
13. July 2024 - 16:51

Дел од политичките партии со осуда за молитвата во Собрание, од Вреди се правдаат дека не била на редовна седница

Осуда од повеќе политички партии од македонскиот блок за вчерашната исламска молитва во Собранието за жртвите од Сребреница-од коалицијата ВРЕДИ се правдаат дека не се молеле на редовна собраниска седница.

Молитвата во Собранието за жртвите од Сребреница било само човечки гест, не било на редовна седница туку само се користела собраниската сала за да се оддаде почит на убиените во геноцидот, велат од ВРЕДИ.

Откако коалиционите партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ реагираа дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски одреди, а од опозициската СДСМ побараа да има одговорност за случајот, од Левица ќе поднесат интерпелација за Гаши.

Според Левица, Гаши иницирал религиски обред- молитва во Парламентот со што е прекршен Уставот и не го испочитувал уставното начело дека верските заедници и религиозните групи се одвоени од државата. 

Оценуваме дека ова анти-државно, анти-уставно и анти-секуларно однесување е реализирано во заеднички договор на владејачката коалиција. За жал ова не е единствено вакво однесување на Африм Гаши по давањето заклетва од страна на собранискиот спикер на албански јазик.

Потпретседателот на Алијанса за албанците Кренар Лога, пак со поддршка за молитвата и критика за македонските граѓани за поставување бисти од верски православни светци насекаде. 

Досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од ‘Скопје 2014’ без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа ‘Свети Апостол Павле II’. На секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој.

Пред три месеци Македонија се приклучи на коспонзорството на резолуцијата во Обединетите нации, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот.