Македонија
2. јуни 2019 - 18:01

Делчевскиот регион зафатен од невреме со град

Делчевскиот регион денеска попладне го зафати невреме со град. Врнежите биле најизразени во село Ѕвегор, каде мештаните информираат за оштетувања кај овошните насади.

– Конкретно, на мојот посед најпогодена од градот е модрата слива, како и компирот и раноградинарските култури. Ова е втор пат за една недела да бидеме погодени од вакво невреме. Среќа во несреќа е што градот беше краткотраен и штетите кои се предизвикани од овие врнежи се минимални, вели Сашо Мановски, жител на село Ѕвегор.

Врнежите не предизвикаа проблеми по водостојот на река Брегалница, кој засега е стабилен и без посериозни изгледи за прелевање на речното корито.
 
Обилни врнежи од дожд денес имаше и во Малешевскиот регион кои не предизвикаа посериозни проблеми врз раноградинарските и овошните култури.

Ново на Сител