Loading Video...
Македонија
22. October 2021 - 16:32

Делта плус сојот забрзано се шири

И се заканува ли и на Македонија  Делта плус што забрзано се шири на еворпскиот континент. Оваа нова мутација е за 10 до 15 проценти позаразна од сегашниот индиски сој, а руски лекари тврдат дека доаѓа до брзо влошување на состојбата кај пациентите. Дали овој поттип ќе стане доминантен и ќе предизвика брзо ширење на инфекцијата имунолозите не можат да предвидат. 

-Го има од пролет, но во последно време побрзо се шири во Европа каде и нас не интересира. Дали ќе биде доминантен не знаеме, но внимателно се следи и загрижува оваа нова мутација која е за 10 до 15 проценти позаразна од Делта, вели Д-р. Мери Киријас од Институтот за Имунологија.

Во соседството не е потврдено присуството на Делта плус, но во голем број земји од регионот има драстично зголемување на бројот на новозаразени, а во некои земји се исполнети и болничките капациенти. Вакцинацијата е неопходна велат имунолозите иако со секоја нова мутација се намалува и нивната ефикасност. 

-Трета доза да, но нас ни треба мотивирање на оние кои не примиле ниту една доза, значи засилување на имунизацијата на примарно ниво, а потоа секако и  бустер доза бидејќи со секоја мутација доаѓа до заобиколување на постоечкиот имунитет, вели Киријас.

Делта плус го има во Велика Британија, Молдавија, Германија, Австрија, Турција, Швајцарија... И додека британската и индиската мутација за краток период станаа доминантни, ширењето на новиот поттип засега не е со забрзано темпо.