Демај: Косово не аплицираше за членство во УНЕСКО

Вршителот на должнсота шеф на косовската дипломатија Емануел Демај денеска соопшти дека Косово не поднело апликација за членство во Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).
Според него, апликацијата не е поднесена поради „домашни прашања“, односно затоа што се уште не се донесени законите за верски слободи и за религиско наследство.
Како што јави дописникот на МИА, Демај ги отфрли како неточни тврдењата дека неаплцирањето е последица на недоволна подршка од државите членки на УНЕСКО и оти во тоа „свои прсти вмешала Србија“.
- Косово се уште не аплцираше во УНЕСКО. Во очекување сме на донесување на Законот за верски слободи и на Законот за релгиско наследство, кои се уште не се донесени. Работиме, ги разгледуваме сите можности и опции, верувам дека имаме уште малку време за да аплцираме. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, изјави Демај за „Економија онлајн“.
Тој оцени дека неконституирањето на косовското Собрание ќе го попречи усвојувањето на двата закони, што ќе значи дека Косово веројатно не ќе може да аплцира за членство во УНЕСКО годинава.
Во ноември 2015 година на Косово му недостигаа само три гласа за да стане членка на УНЕСКО. Членството во оваа најголема организација на ОН треба да го одобрат две третини 195-те земји членки.
Демај нагласи дека Косово аплицирало за членство во Интерпол, но дека „извештаите не влеваат многу надеж“ за прием, иако Приштина досега тврдеше дека ја обезбедила потребната подршка за зачленување,
- Ќе има тешкотии, тоа е многу вистинито, бидејќи има многу држави кои не ни даваат потврден одговор. Во текот на неделава ќе имаме средба со премиерот, а запознат е и претседателот. Ќе ги разгледаме извештате кои се пристигнати. Тие не влеваат многу надеж, но како и да е ќе бидат патоказ како да продолжиме понатаму, оцени Демај.
Сепак, според него, нештата може да се сменат во последниот миг, иако признава дека во оваа ситуација во која сега се наоѓа Косово тоа ќе биде тешко, бидејќи органите на власта се уште не се формирани.
Ново на Сител
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
