-->
-->
Демократски сојуз: Сочувство за жртвите во Тетово
-->
Демократскиот сојуз им изразува искрено сочувство на семејствата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово.
Во овој момент, најважно е истражните органи што побрзо да ги откријат причините за големата трагедија и, доколку се констатира дека зад тоа стои човечки фактор, итно да се преземат мерки за одговорност.
Ковид-болницата во Тетово и претходно беше цел на криминални дејства, преку обидот да се уништат бакарните цевки за довод на кислород, така што овој случај не смее да остане со неодговорени прашања.
Демократскиот сојуз на сите повредени од пожарот им посакува побрзо оздравување и, истовремено, ги повикува медиумите да се воздржат од сензационалистички шпекулации.
Демократски сојуз
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
