Loading Video...
Свет
24. March 2024 - 16:50

Ден на жалост во Русија

Планина од цвеќиња и мечиња има пред концертната сала „Коркус сити хол“ во Москва каде се случи масакр каков што Русија не памети. Во терористичкиот напад загинаа над 130 лица, но бројката не е конечна. Истата постојано се зголемува. Русите низ солзи се простуваат од загинатите.

„Во петокот  ни се случи страшна трагедија. Ова, се разбира, никој не го очекуваше. Но, дали знаете што сакам да кажам? Нема паника меѓу народот, нема апсолутно никаква паника. Постои само праведен гнев. Сакам да кажам дека во секој случај ќе станеме посилни“.

Откако Путин ја обвини и Украина за вмешаност во нападот, Зеленски експресно го демантираше рускиот претседател.

„Очигледно е дека Путин и другите соработници само се обидуваат да најдат некој друг да обвинат. Нивните методи се секогаш исти. Сето тоа сме го виделе претходно: уништени згради и пукотници и експлозии. И тие секогаш бараат некој да го обвинат“.

За масакрот се уапсени 11 лица. Безбедносното ниво е подигнато во целата држава, а денеска е прогласен и ден на жалост поради загинатите лица во терористичкиот напад. 

Поздрав со 57 проектили и дронови и испрати Русија на Украина. Воздушните напади започнале рано утрово. Додека сирените во Киев се огласија низ затемнетите населби, Украинците беа принудени да бараат засолниште во станиците на метроата.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека одбранбените системи уништиле 43 воздушни оружја лансирани од Русија, вклучувајќи 18 проектили и 25 беспилотни летала. Штетите од нападот, според Украинците биле многу мали. 

Властите од Полска соопштија дека една од руските ракети лансирана на регионот Лавов во западна Украина, го нарушила воздушниот простор на Полска. Влегла околу два километри на полска територија, и таму се задржала 39 секунди. 

Полјаците соопштија дека за време на нападот биле активирани, полски и сојузнички авиони, со цел обезбедување на воздушниот простор. Но и дека ќе бараат отчет од Русија за оваа ситуација.