Македонија
5. December 2020 - 8:25

Денеска е Св. маченица Кикилија

Свети Цецилија Римјанка се роди во богато и угледно семејство. Рано се одлучи на девствен живот.

Подоцна, родителите ја омажија за некое незнабожечко момче, Валеријан. Уште првата ноќ, Цецилија го посоветува да се крсти и во бракот да продолжат да живеат девствено. Тој се крсти, а подоцна кон Христос го привлече и својот брат Тивуртиј. Не помина многу време, а двајцата браќа беа погубени од римската власт заради нивната вера. А света Цецилија не престануваше да ги придобива незнабошците за верата во Христа, па најпосле и таа беше погубена, во 230 година.

Моштите и се наоѓаат во Рим, во црквата што го носи нејзиното име.