Денеска облачно и ветровито, утре постудено со дожд и снег
– Утрото студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот. Ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани